Алкараз треба да е подготвен за долга полуфинална пресметка со Ѓоковиќ

Со нетрпение се очекува денешниот (15 часот) полуфинален дуел на тенискиот гренд слем „Ролан Гарос“ помеѓу најдолгорангираниот првопласиран играч на АТП листата Србионот Новак Ѓоковиќ и актуелниот лидер Шпанецот Карлос Алкараз. Интересот за оваа пресметка е речиси идентичен како некогашните пресметки на Србинот против Рафаел Надал и Роже Федерер. Ова ќе биде втор нивни меѓусебен дуел. Првиот го доби Шпанецот, лани на мастерсот во Мадрид (6-7, 7-5, 7-6). Алкараз мора да биде подготвен многу да страда за време на мечот, вели неговиот сонародник Алекс Кореча, поранешен елитен тенисер и специјалист за настап на земјени подлоги, на кои се играат мечевите во Париз.

-Сите се еуфорични кога ќе се спомене Карлос и очекуваат негов лесен триумф на „Ролан Гарос“, но воопшто нема да му биде лесно против Ѓоковиќ. Мислам дека многу ќе пати за време на натпреварот, бидејќи не е лесно да се совлада Ноле во меч во кој може да се играат и пет сета. Алкараз мора да биде претпазлив и внимателен и да не менува ништо во досегашната тактика, но Новак има големо искуство и сигурен сум дека ќе инсистира на долги поени со цел да го измори противникот, изјави Кореча, кој сега работи како коментатор на телевизијата Евроспорт.

Според него, дека најголем „виновник“ за добрите игри на Алкараз е неговиот тренер, Хуан-Карлос Фереро, кој во минатото имаше одлични настапи на земјена подлога.

Треба да знаете
Последни објави