Би-Би-Си: Тешки борби ноќеска во Запорожје

 Руски официјални лица и воени блогери објавија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, на југот на Украина, пренесе Би-Би-Си.

Тие велат дека украинските војници се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орехово, каде заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар вчера изјави дека непријателот е во „активна одбрана“.

Неколку воени експерти рекоа дека украинската војска најверојатно ќе се фокусира на Запорожје во обид да го врати пристапот до Азовското Море и да ги подели окупаторските руски сили во регионот.

Тоа ќе ги ослаби нивните борбени способности и ќе го елиминира копнениот мост до Крим, јужниот украински полуостров илегално анектиран од Русија во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави