Ковачевски денес да си даде оставка, затоа што манипулативните политики на неговата Влада се разобличени. Излезе на виделина дека цело време ги лажеа и домашната и меѓународната власт дека имаат двотретинско мнозинство за уставни измени. За жал најголема жртва на ваквата нивна политика е Македонија и народот.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретен предлог кој на Македонија и нуди излез од евроинтегративниот ќорсокак и заштита на националните и државните интереси, заштита на македонскиот идентитет и јазик. Предлогот предвидува да се бараат гаранции од страна на европските институции за многувековниот македонски идентитет и јазик. Освен гаранциите од европските институции ќе се побара и конкретен финансиски пакет за поддршка на македонското стопанство. Дополнително уставните измени би стапиле на сила непосредно пред самиот влез во ЕУ, со што би се заштитиле од нови и нови блокади по некакви етнички и идентитетски прашања, а во исто време би се очекувало од страна на Бугарија како чин на пријателство да примени барем три од многуте пресуди на судот во Стразбур.
Патем ВМРО-ДПМНЕ смета дека еден од клучните моменти за релаксација на односите во македонското општество е одржување на избори оваа есен, за што и се предложени три датуми. Преодната влада до изборите би била без ДУИ и без криминогените структури од оваа власт. ДУИ е развластена и време е да преминат во опозиција каде што би го почнале процесот на реформирање и декриминализација. ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека оваа преодна влада во никој случај не значи амнестија на криминалот на постоечката власт на СДС и ДУИ, туку напротив ќе почне ослободувањето на правосудниот систем и одговорност.
Развластената СДС ја донесе Македонија во ќорсокак и нема што да прави. Затоа треба да го прифатат конкретниот план на ВМРО-ДПМНЕ и да покажат единство за националните и државните интереси. Власта е минлива работа за секој политичар и Ковачевски не смее да ја држи државата и народот во заложништво на неговата кариера. Не е страшно Ковачевски да го прифати тоа, бидејќи Македонија е многу поважна од било која фотелја и функција.
Ковачевски и СДС сега се на потег.