Фудбалерот од средниот ред нам Лајпциг, Конрад Лајмер стана играч на Баерн, објави денес официјалниот сајт на германскиот клуб. Дваесет и шестгодишниот австриски фудбалер како слободен играч се пресели во клубот од Минхен. Договорот на Лајмер со Баварците е до 30 јуни 2027 година.
Во сезоната 2022/23, Лајмер забележа 29 настапи за Лајпциг, постигнувајќи четири гола и една асистенција.
Лајмер е проценет на 28 милиони евра од „Transfermarkt“. На 26 натпревари за австриската репрезентација постигна два гола.