ПСЖ го чека на својата клупа тренерот кој беше избркан од Минхен!

Францускиот фудбалски првак ПСЖ е во потрага по нов тренер, откако му врачи отказ на Криштоф Галтие, кој иако имаше договорна обврска уште една година, по само една сезона доби „клоца“. Желбите тешко им се остваруваат. „Светците“ добиваат негативни одговори за испразнетото столче на жешката клупа. Последниот негативен одговор им пристигна од трофејниот Зинедин Зидан.

Француските медиуми информираат дека сега многу блиску до преселба во „Паркот на принцовите“ е германскиот стратег, Јулијан Нагелсман, кој во вториот дел од сезоната поради нарушената атмосфера во соблекувалната доби отказ од старо-новиот бундеслигашки шампион Баерн Минхен.

Во меѓувреме Нагелсман ги одби понудите од Челзи и Тотенхем. Нагелсман беше поврзуван со новиот италијански првак Наполи како наследник на Лучијано Спалети, но најверојатно ќе ја прифати понудата на „светците“.

Треба да знаете
Последни објави