Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ, во блиска иднина би можел да се пресели во Манчестер сити.
Според новинарот Фабрицио Романо, 29-годишниот Хрват ги договорил условите со клубот од Манчестер. Челзи и Сити сега треба да се договорат за сумата за трансфер.
Оваа сезона Ковачиќ настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.