Џеко пред трансфер во Фенербахче

Фудбалерот на Интер, Един Џеко може да се пресели во Фенербахче, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.

Триесет и седумгодишниот босански репрезентативец, од претставници на турскиот клуб веќе добил понуда за двегодишен договор.

Сепак, Џеко би сакал да остане во Интер и чека дијалог со раководството на тимот. Познато е дека од пред некое време дојде до расправија со тренерот Инзаги па неизвесно е и дали Босанецот ќе настапи во вечерашното финале на Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Џеко оваа сезона одигра 51 натпревар за италијанскиот клуб, постигна 14 гола и имаше пет асистенции. 

Цената на Џеко на фудбалскиот пазар, според порталот Трансфермаркт е четири милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави