Меган и Хари ѝ се заблагодарија на продавницата што испрати роденденски подарок за Арчи

Додека принцот Арчи го прославуваше својот четврти роденден во мај, на гордите родители Меган Маркл и принцот Хари им пристигна специјално изненадување на влезната врата.

Војводата и војвотката од Сасекс добија велосипед за своето постаро дете, а убавиот подарок од локалната продавница за велосипеди не остана незабележан.

Сопствениците на продавницата „Мед догс енд инглишмен“ во Монтесито, Калифорнија, се огласија на „Инстаграм“ за да го споделат писмото што го добија од членовите на британското кралско семејство.

„Во име на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ве молиме прифатете ја нивната искрена благодарност за внимателниот подарок што му го испративте на принцот Арчи за неговиот четврти роденден“, стои во писмото објавено на официјалниот „Инстаграм“ на продавницата за велосипеди.

„Велосипедот донесе многу радост, а најмногу го цени семејството. Тие побараа да им ја пренесам нивната благодарност за прекрасното изненадување“.

Писмото, кое било испратено на 6 јуни, го напишал Харисон Колкорд во име на Хари и Меган.

„Се надеваме дека ќе ужива“, објави продавницата ден по роденденот на Арчи. „Неговата сестричка ќе може да го вози кога ќе стане малку поголема“.

Принцот Арчи го прослави четвртиот роденден на 6 мај.

Сопственичката на продавница, Џенифер Блевинс, и нејзиниот сопруг Мартин не очекуваа ништо за возврат откако на Арчи му подарија отмен специјализиран детски велосипед.

„Ние сме британска фирма во градот и сакавме да му дадеме подарок на Арчи“, изјави Џенифер за „Пипл“. „Дојде курир во нашата мала продавница на Кост Вилиџ Роуд и го остави писмото“.

Треба да знаете
Последни објави