Швјонтек ја одбрани титулата на Ролан Гарос

Ига Швјонтек ја победи Каролина Мухова во финалето на Ролан Гарос со 2:1 (6:2, 5:7, 6:4) и стигна до својата трета Грен слем титула во Париз и вкупно четврта.
Мечот траеше 2 часа и 50 минути.

Во текот на првиот сет таа апсолутно доминираше и со два брејка стигна до предност. Таа го отвори и вториот со брејк, но Чехинката го доби вториот сет по голем пресврт.
И во третиот сет дојде до голема борба, Чехинката направи два брејка, но потклекна под притисок. Швјонтек дури три пати и го одзема сервисот и го освои трофејот.

Таа останува тенисерка број еден во светот и по вториот Грен слем во сезоната.

Треба да знаете
Последни објави