Aнглискиот гигант во раце на Американците: Сопствениците на Сан Франциско 49ерс го купија Лидс

Сопствениците на НФЛ клубот Сан Франциско 49ерс постигнале договор за купување на англискиот фудбалски клуб Лидс Јунајтед, соопштија од Еланд Роуд.

Американскиот конзорциум 49ers Enterprises купи 15% од акциите во 2018 година, а пред две години го зголеми уделот на 44%.

Меѓутоа, откако Лидс Јунајтед испадна од Премиер лигата, поранешниот мнозински сопственик, италијанскиот бизнисмен Андреа Радрицани ги продаде сите акции на својот поранешен партнер, американскиот конзорциум.

Англиските медиуми пренесуваат дека 48-годишниот Италијанец ќе добие околу 200 милиони евра.

„Лидс може да потврди дека е постигнат договор меѓу Aser Ventures и 49ers Enterprises за купување на клубот. Двете страни ќе продолжат да работат на деталите, а сето тоа ќе биде објавено наскоро“, се вели во соопштението на Лидс.

Сега се чека одобрение од Премиер лигата, која мора да ја одобри продажбата.

Лидс Јунајтед оваа сезона заврши на 19-то место во Премиер лигата, потонувајќи во пониските рангови на натпреварувањето.

Треба да знаете
Последни објави