(Видео) Објавена снимка од извлекувањето на децата по 40 дена поминати во колумбиската џунгла

На социјалните мрежи објавено е прво видео од четирите деца кои преживеале 40 дена во џунглата во Колумбија.

Снимен е моментот кога ги спасува авион на воздухопловните сили.

Четириесет дена откако нивниот авион се урна во колумбиската џунгла на Амазон, четирите домородни деца се спасени – пронајдени неухранети, искасани од инсекти, но живи.

Браќата и сестрите од домородната заедница Хујото – на возраст од 13, девет, четири и 11 месеци – го преживеаја еден од најдивите делови на земјата во извонреден подвиг на отпорност против силните бури, грабливите животни и вооружените групи.

По падот на авионот на 1 мај, во леталото беа пронајдени тројца мртви возрасни лица, меѓу кои и мајката (33). Но, од децата, до денес, немаше ни трага, ни глас.

Знаењето за животот и мудроста стекнати од нивната баба можеби било од витално значење за нивниот опстанок, рече Џон Морено, домороден водач од блискиот Вопес.

Треба да знаете
Последни објави