Директори од основни училишта во Кавадарци се тепале во ноќен клуб

Двајца директори, за кои јавноста тврди дека се директори на основни училишта од Кавадарци, се тепаат во ноќен клуб во видео снимка направена синоќа, објави Канал 5.

Двете лица биле под дејство на алкохол а го нападнале и обезбедување на клубот од центарот на Кавадарци.

Приведени се за нарушување на јавниот ред и мир.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.

-Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник – изјави Јанчев.

Инаку, станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П.

Видео снимката од тепачката на двајцата директори стоеше кратко., Истата е  повлечена

Треба да знаете
Последни објави