Загина ресенчанец, се истумбал со „мерцедес“ кај Подмочани

На 10.06.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред село Подмочани, автомобил„мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.    

Треба да знаете
Последни објави