Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот, уште еднаш се докажува дека СДС е кираџија во сопствената влада

Интегрален текст од изјава на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај.

Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а Димитар Ковачевски е пионот кој што е поставен да ја менаџира истата.

Искажувам благодарност до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ односно на нашите градоначалници кои што први излегоа да им помогнат на граѓаните со својата механизација од јавните претпријатија.

Исто така искажувам благодарност затоа што ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше помош, финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата.

И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и на ваши, на вмровски и сдсмовски.

Треба да знаете
Последни објави