Погледнете како Гвардиола ја откри тајната за преселбата на Меси во МЛС

Поранешниот играч на Манчестер Сити и Аргентина, Серхио Агуеро беше среде интервју за ESPN на Олимпискиот стадион Ататурк каде вечерва ќе се одигра финалето од Лигата на шампионите меѓу неговиот поранешен клуб и Интер. Додека 35-годишникот даваше изјава, на него налета Пеп Гвардиола и реши накратко да го прекине разговорот меѓу него и водителката.

Гвардиола во пресрет на еден од најголемите натпревари во неговата тренерска кариера на водителката и порача дека „се е лага!“ пред да го прегрне поранешниот играч.

Потоа го праша: „Дали ги носиш сите во Мајами?“, на што Агуеро одговори: „Меси е веќе таму!“ – алудирајќи на тоа дека Аргентинецот живее во Мајами, новата локација на Лионел Меси, кој како слободен играч се приклучува на Интер Мајами.
Гвардиола потоа го покани на вечера пред натпреварот помеѓу тимот и стручниот штаб на Сити.

Агуеро и се приклучи на Барселона во летото 2021 година, делумно поради неговата желба да игра заедно на клупско ниво со својот пријател и репрезентативен соиграч. Но Меси замина во ПСЖ, а Агуеро ја прекина кариерата поради проблеми со срцето.

Шпански AS пренесува дека Агуеро го користел тренинг центарот на Интер Мајами во последните месеци и дури добил покана да тренира со првиот тим откако целосно се ослободил од здравствените проблеми. Иако не се очекува да се врати во конкурентниот фудбал, неговото присуство во Мајами можеби дополнително го убеди Меси да се приклучи на тимот на Дејвид Бекам.

Треба да знаете
Последни објави