За туристите во Албанија ќе функционираат 30 летни здравствени амбуланти

На 15 јуни во крајбрежните и планинските туристички области во Албанија ќе бидат отворени 30 летни здравствени амбуланти, објави албанскиот премиер Еди Рама, кој сподели и мапа на градовите каде ќе се наоѓаат овие амбуланти.

– Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. Од Тети до Ксамил, 30-те летни здравствени амбуланти ќе нудат стандардни и професионални услуги за годишноодморците од југ до север, напиша Рама на Фејсбук.

Медицинскиот персонал гарантира 24/7 здравствена заштита. Амбулантите ќе функционираат до крајот на сезоната.

Минатата година, земјата забележа рекордна посетененот од 7,5 милиони туристи, додека во првите четири месеци од годинава околу 1,7 милиони туристи. 

Треба да знаете
Последни објави