Ѓоковиќ сака да испише историја, а Руд се надева на трета среќа за премиерен триумф на гренд-слем турнирите

Тенискиот спектакл на гренд-слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз стаса до самата завршница. Попладнево (14.30 часот) ќе се одигра финалниот меч во машка конкуренција меѓу Србинот Новаќ Ѓоковиќ и Норвежанецот Каспер Руд, по што ќе биде шпознатр новиот шампион на вториот од четирите сезонски гренд слем турнири. Ланскиот освојувач Рафаел Надал поради повреда не настапи на турнирот

Ѓоковиќ кој е лидер според бројот на недели поминати на врвот од АТП-листата сака на омилениот турнир на лутиот ривал Надал со кого ја делата првата позиција со по 22 гренд слем титули, да го освои својот 23. трофеј и да биде лидер на „вечната листа“ со освојувачи на грен слем турнири. Сите карти се на страната на Ѓоковиќ, формата, играта, квалитетот, искуството… Едноставно, Ѓоковиќ изгледа незапирливо пред финалето на турнирот во Париз. Според букмејкерите, Србинот е апсолутен фаворит пред мечот со Норвежанецот. 

Од друга страна, 24-годишниот Каспер Руд досега е без голем трофеј во кариерата. Во Париз брка трета среќа, бидејќи минатата година играше две финалиња на гренд слем турнирите и ги загуби. Руд беше финалист и минатата година, кога загуби од Рафаел Надал, а потоа се бореше и за трофејот на УС Опен со Карлос Алкараз. И на тие дуели беше во слична позиција пред стартот, имаше аутсајдерска улога и немаше што да загуби.

Вчера во конкуренцијата на дамите својата доминација ја потврди Ига Швјонтек.

Треба да знаете
Последни објави