Кошаркарите на Црвена Звезда повторно се шампиони на Србија

Кошаркарите на Црвена звезда ја одбранија титулата во Србија откако го добија и вториот меч против тимот на ФМП, овојпат со 82-72.

Црвено-белите дојдоа и до осмиот трофеј во низа во првенството на Србија откако во финалната серија која се играше во два меча беа подобри од ФМП.

ФМП добро го почна мечот во текот на првата четвртина имаа предност и до осум поени разлика, но работите си дојдоа на место во понатамошниот тек од натпреварот. Црвена звезда одигра маестрална одбрана во вториот период во кој прими само девет поени, го сврте резултатот и на крајот дојде до триумфот од 82-72.

Треба да знаете
Последни објави