МТСП: Го изразуваме нашето големо жалење за смртта на претседателот на ССМ

Како Министерство за труд и социјална политика во името на Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и сите вработени го изразуваме нашето големо жалење за смртта на претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Од 2017 година на неговото место како претседател своите денови ги помина во посветена борба за поголеми права на работниците. Човек кој секогаш имаше време да ги сослуша предизвиците на секој еден работник и човек кој гласно и храбро се бореше за решение на истите.

Засекогаш ќе остане во нашите срца како борец за подобар работнички век и живот. Активен партнер во социјалниот дијалог за подобрување на животот на сите граѓани во државата. Неговиот несебичен удел во општествениот живот, неговите заложби и неговите силни чекори и поддршка кон работниците никогаш нема да бидат заборавени.

Министерството за труд и социјална политика изразува сочувство на неговите блиски.

Слава му!

Треба да знаете
Последни објави