Уапсен роднина на осомничениот за масовното убиство кај Младеновац

Роднина на Урош Б., е уапсен со заедничка работа на ВЈТ во Смедерево и СБПОК. пренесуваат српските медиуми. Урош е обвинет дека на 4 мај убил осум и ранил 14 лица во околината на Младеновац и Смедерево.

Како што соопштија од Вишото јавно обвинителство во Смедерево за Еуроњуз Србија, неговиот роднина е уапсен за кривично дело од член 348 став 3 од Кривичниот законик и како што додаваат, неговиот распит е во тек.

Согласно Кривичниот законик, тој е уапсен за да се утврдат сите околности поврзани со недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Да потсетиме, У.Б. на 4 мај вечерта во селото Мало Орашје уби пет селани од кои најмладата жртва има 15 години. Потоа продолжил кон селото Дубона, каде убил полицаец, неговата сестра и нивниот пријател.

Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац, откако киднапирал таксист и му се заканил дека ќе го вози.

Треба да знаете
Последни објави