Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на Ролан Гарос со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-3 и 7-5 против Каспер Руд со што стана единствен тенисер во историјата кој освоил 23 гренслем-титули во кариерата.
Руд направи брејк уште во вториот гем за водство од 2-0 против Ѓоковиќ, но српскиот тенисер набрзо го врати брејкот (3-4), по што се избори за тај-брејк во кој беше подобар со 7-1.
Ѓоковиќ брзо го реши и вториот сет, откако направи брејк во вториот гем (2-0), а потоа сервираше без проблеми за да стигне до 6-3.
Во третиот гем се водеше жестока битка меѓу тенисерите, а Руд не се предаваше, но Ѓоковиќ во 11. гем направи брејк со кој стигна до предност од 6-5, а потоа сервираше успешно за 7-5 и така ја освои титулата во Париз.



