Жителите на скопската населба Лисиче во среда во 17и30 часот излегуваат на протест.
Со протестот, кој ќе се одржи кај Крстот на самиот влез во Лисиче, жителите од оваа населба сакаат да порачаат дека треба да престане бетонизацијата.
,,Ние жителите на Населба Лисиче ве повикуваме на протестна блокада на булевар Србија на 14.06.2023 Среда со почеток во 17.30 часот.
Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната БЕТОНИЗАЦИЈА која ни следува!!!
Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна!!!”, пишува во најавата на настанот.