Соединетите држави распоредиле околу 150 нуклеарни боеви полнења во своите воздухопловни бази во Европа без никакви официјални известувања за јавноста, изјави Алиша Сандерс-Закре, коориднаторка за политики и истражувања во невладината активистичка организација Меѓународна кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons – ICAN).
Како што изјавила Сандерс-Закре на брифингот со новинарите акредитирани во Обединетите нации од сродната организација ACANU, нуклеарните бовеви полнења биле распоредени во американските бази во Германија, Белгија, Холандија, Турција и Италија. Од порано беше познато дека нуклеарните боеви глави и бомби се распоредени во Германија, Италија и Турција.
Руската воена интервенција во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога двете суперсили од периодот на идеолошката блоковска Студена војна најмногу се приближија до нуклеарната војна.
Според западните процени, Русија поседува околу 2.000 парчиња тактичко нуклеарно оружје во функција, додека САД имаат околу 200, од кои половината се распоредени во базите во Италија, Германија, Турција, Белгија и Холандија.
Ланскиот октомви американскиот весник Politico објави дека САД на состанокот на НАТО зад затворени врати информирале дека ќе го распоредувањето на модернизираната верзија на бомбата B61 – B61-12 на која се работело последните години и чинела околу 10 милијарди долари, и дека новото нуклеарно оружје ќе биде распоредени во базите во Европа во декември, неколку месеци пред планираното.
Сега од ICAN тврдат дека тоа биле сторено без никаква транспарентност.
„Според процените на независните експерти, околу 150 боеви глави се распоредени во американските воздухопловни бази во споменатите земји“, изјавила Сандерс-Закре.
Додала дека во ICAN се длабоко загрижени за распоредувањето на овој тип вооружување во која и да е европска земја, вклучително и руското во соседна Белорусија што претставува првпат руско нуклеарно оружје да се разместува надвор од границите на земјата по распадот на поранешниот Советски сојуз во 1990 година. Сандерс-Закре потсетика притоа на Кубанската ракетна криза и оценила дека таквите активности претставуваат потенцијална активирачка точка, којашто го зголемува ризикот од нуклеарна војна.