Тренерот на актуелниот англиски и европски фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, планира да го напушти тимот за две години, пишува „Гардијан“.
Педесет и двегодишниот шпански стартег одлучил да не го продолжи договорот со Манчестер сити, кој истекува во 2025 година.
Гвардиола е на чело на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство „граѓаните“ четири пати станаа шампиони на Англија. Во сезоната 2022/23, Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите за прв пат во својата историја, победувајќи го Интер во финалето (1:0).