Вчерашниот ден 11 јуни беше круна на нашето неколкумесечно вредно работење, бидејќи вчера во Скопје, во ОУ ,,Лазо Ангеловски”, се одржа националната Олимијада по ментална аритметика. Нашите генијалци беа на возраст од 5 до 12 години и вкупната бројка беше над 600 натпреварувачи, од цела Македонија. Дечињата се натпреваруваа во две категории: писмен дел и ментален дел, распределени во 8 категории. Од секоја категорија имаше победници, кои традиционално си обезбедија место за учество на меѓународната Олимпијада во Белград која ќе се одржи во недела 18 јуни и ќе се натпреваруваат со 2.000 дечиња од 16 земји. Олимпијадата помина во натпреварувачки дух, со голема меѓусебна поддршка и чувство за емпатија.
Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Настанот традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот за ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво напамет – без никакви помагала (хартија, молив или дигитрон). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во броење долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда!
Процесот на учење брзо пресметубање се заснова на древен јапонски калкулатор – АБАКУС. На овој начин се постигнува успешен тренинг на мозокот, создаден со идеја за вежбање различни ментални капацитети, како што се: меморија, концентрација, визуализација, аналитичко и логичко размислување.
Настанот, кој промовира успешно образование и здрав натпреварувачки дух е поддржан од СОКО Горица Дооел – Компанија со традиција од 1994 година, специјализирана за производство на овошни сокчиња, спакувани во дојпак-амбалажа како и ОУ „Лазо Ангеловски”.
На нашите натпреварувачи кои ќе патуваат за Белград им посакуваме многу среќа, тие секако се веќе победници!