Народот на Северна Кореја му изразува целосна поддршка и солидарност на рускиот народ, изјави во понеделникот севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, а пренесуваат тамошните државни медиуми.
Ким Џонг Ун му испрати честитка на рускиот колега по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија откако започна агресијата врз Украина.
Во соопштението, објавено од севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, не се споменува инвазијата на Украина или учеството на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени „добрата одлука и лидерството на Владимир Путин да се запре растечката закана од непријателски сили“.
„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на нејзиниот суверенитет, развој и интереси на својата земја“, се вели во соопштението, алудирајќи на конфликтот против западните империјалистички сили, поточно против Соединетите Американски Држави, пренесуваат светските медиуми.
Северна Кореја и Ким Јонг Ун ја осудија западната воена помош за Украина, и уште еднаш ја негираа сопствената помош за ракетите на руската паравоена групација „Вагнер“.