Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа” на телевизија 24 го поздрави чекорот на Христијан Мицкоски за еклатантно прифаќање на уставните измени од негова страна.
Ја поздравувам храброста на Христијан Мицкоски да ги прифати уставните измени, СДСМ, како сериозен партнер во овој заеднички процес пружи братски рака, се надеваме дека Мицкоски ќе опстои на кажаните зборови го охрабрувам целото ДПМНЕ рамо до рамо со СДСМ да направи историски исчекор, истакна Костовски.
Костовски додаде дека сега е време за обединување, за национална свест и преземање на одговорност, подадената рака да се прифати.
За нас пред сé и над сé се Македонија и граѓаните на Македонија, ние не калкулираме со тешки одлуки, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, кој во ниеден момент не се одважи, и сега гледаме дека бега од одговорност, дајте поддршка на она што значи среќа, просперитет и иднина на нашата држава, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа”.