Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека „геополитичките тензии“ предизвикани од војната во Украина му нанесоа уште еден удар на глобалниот југ – земјите кои веќе се сериозно погодени од пандемијата на Ковид-19.
Говорејќи на состанокот на министрите за развој на Г-20, Моди рече дека развојот е клучно прашање за глобалниот југ и дека „кризите со храна, гориво и ѓубрива поради геополитичките тензии му нанесоа уште еден удар“ на регионот, кој вклучува земји од Латинска Америка, Африка и поголемиот дел од Азија.
Г20 е стратешка мултилатерална платформа која ги поврзува најголемите светски развиени и нови економии, кои сочинуваат повеќе од 80 отсто од глобалниот БДП, 75 отсто од меѓународната трговија и 60 отсто од светското население.
„Во такви околности, одлуките што ги носите имаат големо значење за човештвото како целина. Цврсто верувам дека е наша заедничка одговорност да не дозволиме целите за одржлив развој да заостанат“, рече Моди на состанокот во индиската држава Утар.