Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои Ролан Гарос и стана единствен тенисер кој освоил 23 гренслем-титули во кариерата.
„Л’Екип“ објави интересна насловна страна во денешниот број и го „лансира“ Ѓоковиќ на Месечината.
Познатиот медиум го искористи насловот на третиот ром на Жил Верн од 1865 година „Од земјата до Месечината“ и така го опиша успехот на Ѓоковиќ.