Маричиќ: За првпат имаме согласност со ВМРО-ДПМНЕ дека европската иднина е заедничка обврска, нека докажат на дело

Прашан кога ќе започне собраниската процедура за уставните измени вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија одговори дека власта ќе даде уште некоја шанса опозицијата сепак да пристапи за заеднички да се спроведе планот, но ако повиците не вродат со плод тогаш ќе се започнат разговори со секој пратеник поединечно.

-Никој од нас поединечно не е битен, туку е битна нашата кауза, а тоа е членство во Европската Унија. Рече Маричиќ.

Во однос на опозициското барање за составот на Владата, тој кажа дека понудениот концепт на власта за широка Влада е сите да бидат вклучени, но ако ДУИ се подготвени да излезат, тоа секако ќе биде поддржано.

-Важно е уставните амандмани да бидат усвоени оваа година за да го фатиме наредниот пакет за проширување на Унијата, истакна Маричиќ.

Тој порача опозицијата да прифти понудената рака.

-На таа лидерска средба првпат видовме подготвеност да се гласа за тие уставните измени. Прашањето е како од оваа точка да одиме понатаму. За првпат имаме согласност со ВМРО-ДПМНЕ дека европската иднина е заедничка обврска, нека докажат на дело. Не треба да се бега од дијалог, треба да се искористи понудената рака, порача Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави