Кутиров: Благодарност до премиерот Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години

Изјава од директорката на Царинската управа, Славица Кутиров:

„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план. 

Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата. 

На новиот директор му го честитам назначувањето на функцијата и му посакувам успешна работа и уште подобри резултати.”

Треба да знаете
Последни објави