Руската Федерална служба за безбедност уапсила поранешни функционери од Министерството за одбрана осомничени за шпионирање за Украина

 Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила група поранешни функционери од Министерството за одбрана за кои се сомнева дека и дале доверливи воени информации на Украина и планирале диверзантски напади.

Безбедносната служба ги обвини неименуваните поранешни функционери дека шпионирале за украинското воено разузнавање и им доставувале технички документи и модели кои се користат за производство на системи за оружје и опрема за руските воздухопловни сили.

 Руската Федерална служба за безбедност во соопштението наведе дека истата група исто така била вклучена во плановите за кревање на воздух транспортната инфраструктура, како што се железнички линии каде се доставуваат материјали до руските сили кои се борат во Украина.

Треба да знаете
Последни објави