ПСЖ нема многу избор. Доколку сака да заработи пари, ќе мора уште ова лето да го продаде Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер им даде на знаење на челниците на клубот дека нема намера да ја продолжи опцијата да го продолжи договорот на уште една година, поточно до 2025 година.
Многумина веруваат дека Мбапе ќе оди во Реал Мадрид, но оттаму доаѓаат поинакви информации.
„Марка“ пишува дека ситуацијата на Мбапе во Реал воопшто не ја гледаат како свој проблем и дека немаат интерес да го направат првиот чекор.
Весникот близок до Реал пишува дека Флорентино Перез нема да биде тој што прв ќе направи нешто, првиот чекор ќе мора да го направат Мбапе и ПСЖ.
Односите меѓу двата клуба се доста ужасни особено по се што се случи минатата година кога Перез понуди 180 милиони за да го доведе Мбапе, но француската суперѕвезда на крајот остана во Париз.
Реал Мадрид веќе ја изгради својата стратегија за летниот преоден рок и веќе го започна трансфер процесот со доаѓањето или враќањето на Фран Гарсија, Брахим Дијаз и Џуд Белингем.
Во најтрофејниот европски клуб му го доделија славниот број 7 на Винисиус, што е јасен знак дека Бразилецот се очекува да биде лидер на теренот, па доведувањето на Мбапе и не е толку потребно.