Со часови блокиран центарот на Нотингем поради сериозен инцидент: има мртви и ранети

Во сериозен инцидент во Нотингем најмалку тројца луѓе се убиени, а има и ранети, пренесува „Скај њуз“. Поради инцидентот со часови е блокиран центарот на британскиот град. Според информациите, уапсено е едно лице.

Полицијата ги повика граѓаните да ги избегнуваат блокираните подрачја.

„Улиците некое време ќе останат блокирани. Полицијата е на местото на настанот“ информраат од полицијата.

Во центарот на градот поставен е голем полициски кордон, а блокиран е и јавниот превоз.

На полицајците им помагаат и пожарникарите.

Треба да знаете
Последни објави