„Имаме проблем кој го има создадено актуелната власт и за да ВМРО-ДПМНЕ не биде обвинувана дека сме неконструктивни, не бараме излез и решение еве седнуваме прифативме лидерска средба, но понудивме и два предлога кој сеуште чекаме дали ќе бидат прифатени и кој предлог ќе биде прифатен за да излеземе од овој ќорсокак кој е виновна актуелната власт”, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК Дафина Стојаноска.
Таа додаде дека нема што тука да се изведуваат наслови дека ВМРО-ДПМНЕ го сменил ставот и дека е за уставни измени. Не е точно тоа, уставни измени под бугарски диктат никогаш.
„Сега на потег е власта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше јасен по однос на понудените предлози на таа лидерска средба. Првиот предлог даден беше преодна Влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство, а вториот предлог беше избори на есен. Од тие избори опозицијата да и даде поддршка на идната Влада по однос на следните чекори пред да се случат уставните измени, а тоа би биле добивање на јасни гаранции од ЕУ институциите дека ќе биде зачуван македонскиот идентитет, овозможување на европски пакет за македонската економија и граѓаните и од страна на нашиот добар сосед да ги спроведе барем 3 од оние 6 кои се конечни пресуди на ЕСЧП за Македонците од таа страна на нашата граница”, рече Стојаноска.
Стојаноска истакна дека оваа преговарачка рамка или францускиот предлог за пристап на преговори е прифатен од страна на само 68 пратеници во Собранието на Република Македонија.
„Во изминатата година зголемен е евроскептицизмот во државата а последните анкети од НДИ од анкетирани граѓани во Република Македонија тие напритов не го ставаат на прво место како прв проблем влезот на Македонија во ЕУ, за граѓаните на Македонија проблем се инфлација, поскапени цени, ниски плати итн”, кажа Стојаноска.
Таа посочи дека ова лето власта ќе го искористи за да купи некое време плус.
„Ако се сеќаваме кога се усвои францускиот предлог од страна на 68-те пратеници во Собранието на Република Македонија тогаш луѓето од власта најавуваа дека уставните измени ќе се случат во септември, па не во септември, октомври, ноември, март, еве го јуни велат готови се оние предлог за уставни измени од работната група, а сеуште ни до Влада и Собрание не се стигнати”, потенцираше Стојаноска.