Поранешниот тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изрази желба во иднина да ја преземе француската фудбалска репрезентација.
– Често сум велел дека кога сум играл за француската репрезентација како фудбалер, а потоа станав тренр, би било логично да размислувам да ја водам репрезентацијата. Но, сега не е време за тоа. Играв во Кан, а потоа заминав во Бордо. Следуваа Јувентус и Реал Мадрид. Се преселив во нов клуб за ново и посериозно искуство. Ние тоа го нарекуваме амбиција. Отсекогаш сум бил амбициозен и верував во себе, ги цитира зборовите на Зидан „GQ“.
Зидан е без работа веќе две години. Последниот клуб му беше Реал Мадрид.
Тој го водеше мадридскиот тим од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Освои три титули во Лигата на шампионите во низа (2016, 2017, 2018).