Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар на Обединетите Нации и регионална директорка за Европа и за Комонвелтот на независни држави на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На средбата беше поздравена континуираната и конструктивна соработка на државата со УНДП и беше разговарано за поддршката и улогата на Обединетите нации во исполнувањето на стратешките цели на државата.
Во таа насока беа поздравени активностите на УНДП во однос на климатските промени и зелената агенда, како и нивниот ангажман во областите поврзани со социјалниот развој и родовата еднаквост, демократското управување и подобрување на локалното владеење. Воедно, беше посочена успешната соработка и во изработката на Рамката за развој МКД2030.