Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска пратеничката на СДСМ Даниела Колева беше меѓу граѓаните на општина Струмица.
– Процесот на дијалог донесе резултата, дојдовме до точка каде што Христијан Мицкоски ги прифаќа уставните измени и учество во широка Влада. Тоа значи дека и самиот рој потврдува дека овој парламентарен состав има мандат да донесе уставни измени. ДПМНЕ треба да остане на последниот став, затоа што сега е важно дијалогот да продолжи. Заеднички да ја споделиме одговорноста и да ја обезбедиме европската иднина на државата” посочи Колева.
Колева истакна дека општина Струмица и работата на градоначалникот Костадин Костадинов се вистински приказ за разликата помеѓу чесниот, посветен и одговорен однос на СДСМ кон општините и граѓаните и неспособноста и неработењето на градоначалниците од ДПМНЕ од друга страна.
Во општина Маврово и Ростуше беа пратеничките Белкиса Зеќири, Бети Рабаџиевска и Марија Кочовска кои пред присутните порачаа дека сега не е време за лични и партиски рејтинзи, туку за компромис со кој ќе се реализира уште една стратешка цел – членство во ЕУ.