Вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово било пријавено дека 80-годишниот Р.А. од гостиварско Чегране додека готвел во помошен објект до неговата семејна куќа му експлодирало плинското шише и му нанело повреди на рацете и главата.
Тој бил принесен во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.