Зеленски се огласи по рускиот напад: побара од партнерите посилно оружје и модерни авиони

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати доцна синоќа и порача дека неодамнешните руски напади врз цивили докажуваат дека партнерите на Украина треба да обезбедат неговата земја да има доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони.

САД вчера објавија 235 милиони долари дополнителна безбедносна помош за Украина, вклучувајќи ја и воздушната одбрана.

Во меѓувреме, во Русија, претседателот Владимир Путин им изјави на новинарите дека загубите на Киев се приближуваат до „катастрофално“ ниво. Тој, исто така, посочи дека загубите на украинските војници се десет пати поголеми од руските – инсистирајќи дека контраофанзивата досега била неуспешна.

Киев, од друга страна, вели дека неговите војници напредувале во Бахмут, во источниот регион Доњецк.

Треба да знаете
Последни објави