Мицкоски до Ковачевски: Нека избере кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа, и тогаш немам проблем да има лидерска средба

Во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на Телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека Ковачевски има понуда од ВМРО-ДПМНЕ да избере кој од двата предлози за него е прифатлив, па тогаш нема проблем да има лидерска средба.

„Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели се прифатил, еве повторно кажувам прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори на есен па гаранции”, дециден е Мицкоски.

Тој додаде дека кога ќе го слушне тоа, одма истиот ден ќе иницира лидерска или тимска средба.

„Ако ја погледаме вистината во очи ќе дојдеме до заклучок дека тие не може да испорачаат, тие немаат 80 пратеници со конвенционални методи помина една година гледаме дека нема, па малку и повеќе од конвенционални, во некои моменти се поминува и рубиконот но еве да речеме дека е во рамките на конвенционалноста”, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека власта нема 80 пратеници што значи дека нивната политика пропаѓа.

-ВМРО-ДПМНЕ моќта ја црпи од народот и на него се потпира, не ја црпи моќта од персиските килими во Брисел, и затоа нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. СДС тоа што ветувале пред други сега не може да испорачаат, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека деветнаесет дена помина кога од власта рекоа дека се готови уставните измени и да ги достават до парламентот, но ако ова беше битно и ако имаа 80 пратеници, се поставува прашање зошто чекаат, што е тоа што го чекаат?

– Чекаат која од двете опции им ги дадов да изберат? Чекаат да седнеме да преговараме? Нема да седнеме додека не изберат, седнавме имаат две понуди на маса и нека изберат врз основа на што да преговараме. Двете опции ги обединува националното единство. Немаат две третини и затоа се нервозни се закануваат, навредуваат, лажат затоа ги активираа сите полноглавци затоа што немаат, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сега на СДС им паѓа целата политика и тие пред кои ветиле, сега им викаат дека не може да испорачаат, а година дена ги штитат, им ја држат владата година дена, а не знаат да испорачаат.

– Пред една година на собирот пред платото на владата на 18 јуни кажав јасно кажав дека под овие услови, под овој диктат, додека сум јас претседател, нема да прифатиме. Не знам колку сериозно го ставија тоа и тие и тие кои со нив се договара. ТИ тие со кого се договараат имаат одговорност требало да проценат со кого се договараат, но не успеале тоа да го препознаат и не заглавиле сите. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме дел од проблемот но сега бараме решение: немој да мислите дека тоа не го цени народот. Тоа народот го цени, ние не ја црпиме моќта, авторитетот од црвените дебели персиски килими во Брисел, ние од народот ја црпиме моќта и на народот се потпираме. Тогаш кажав дека нема и сега стојам на тоа дека нема, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека пратеничката група сите 44 пратеници се браната која нема да дозволи да помине бугарскиот диктат бидејќи со вакви услови Македонија има нејасна иднина, затоа се потребни гаранции.

Треба да знаете
Последни објави