Притвор за убиецот од Подлес, пукал во соседите зошто копале за водовод на десетина метри од неговата куќа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека С.И. (61)од село Подлес, Градско е сторител на кривичните дела „убиство“, „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување на истражна постапка против него.

– Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30  дена, информираат од ЈОРСМ.

Настанот се случи на 12.6.2023 година во с.Подлес, Градско кога двајцата соседи на осомничениот М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес, со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земја на десетина метри од влезната врата на осомничениот.

– Осомничениот со кого оштетените имале претходно нарушени односи откако ги забележал, дошол со пиштол „Црвена Застава“ што неовластено го поседувал и започнал да пука кон нив. Притоа М.В. бил ранет во левата надколеница, додека М.Д. починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани на левата страна од стомакот и левата нога. Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица, се вели во соопштението.

Предметниот јавен обвинител по добиените сознанија за настанот извршил увид на местото на несреќата и, како што информираат, издал низа наредби потребни за расветлување на случајот. 

Треба да знаете
Последни објави