Вечерва во Приштина убиено лице во возило со македонски регистарски таблички

Со калашников изрешетан автомобил со македонски таблички во Приштина, едно лице загина пишува Косова сот.

Вечерва се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.

Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.

Во таа прилика било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.

Пронајдено е и возило во периферија на Приштина запалено со бензин се претпоставува дека е употребено во пресметката.

Засега нема детали за случајот.

Треба да знаете
Последни објави