Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град, потврдија за порталот „Аваз“.

Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“.

Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА.

Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот.

„Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето.

Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.

Треба да знаете
Последни објави