Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска во месноста Моклиште присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа.

Генералниот секретар Бошњаковски положи цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор.

На одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.

Треба да знаете
Последни објави