Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што беше оценето дека тие се пријателски и беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво.

Двајцата претседатели разговараа и за регионалните прашања и текот на ЕУ интеграцијата на двете држави.

Треба да знаете
Последни објави