Косово, синоќа, ја пречека Романија (0:0) и нејзините навивачи во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.
Гостопримството на навивачите им беше брутално откажано кога пред крајот на натпреварот започнаа да кандираат: „Косово е Србија“.
Ова предизвика гнев кај домаќините, реагираа редарите и полицијата, прво ги претепаа романските навивачи, а потоа ги избркаа од стадионот.
Романија е една од земјите што не го признава Косово, а нејзините навивачи застанаа во Белград на пат кон Приштина и се фотографираа пред храмот Свети Сава со голем транспарент: „Измислени земји, тоа е лажен фудбал. Тие ништо не ни значат.“