Десеттина денови по лидерската средба, се чини дека Христијан Мицкоски откако „пушти нога“ за преговори, сега како повторно да се враќа назад во ровот, на почетните позиции.
Така може да се толкува неговото барање за ТВ дуел со премиерот Димитар Ковачевски во време кога целата јавност од него очекува да каже што одлучил во однос на предлозите што произлегоа од лидерската средба.
Мицкоски се уште не кажува дали би влегол во Владата, откако дури и ДУИ го прифати неговиот услов „интегративците“ да не бидат дел од таква Влада.
Одговор нема ниту за барањето Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да номинираат свои претставници во работната група.
И додека на „Илинденска“ и на „Бихаќка“ ја очекуваат одлуката на Мицкоски, тој сега бара ТВ дуел со Ковачевски.
Што е целта на таквото барање на Мицкоски освен „пет минути слава“ и можност за целовечерна забава на граѓаните, можеби го знае само тој самиот, но факт е дека ТВ дуел никогаш во историјата на државата не донел никаква промена, ниту пак довело до некој конзенсуз за некоја одулка, совен што дополнителни ги поларизира јадрата на партиските членства.
Роковите за носењето на уставните измени по чие усвојување ќе се отворат и првите поглавја, се многу јасно наведени во Преговарачката рамка и ако Македонија не ја спроведе домашната задача може сериозно да заостане зад другите држави од регионот па оттаму легитимно се поставува прашањето: Дали на Мицкоски поважен му е ТВ дуелот и медиумското внимание, отколку државата и нејзината иднина?