Женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби од Австрија со 3-0 во последниот натпревар од Европската Сребрена лига.
Домашниот тим важеше за апсолутен фаворит и тоа го потврди на теренот каде одигра три сигурни сета, односно ја оствари петтата победа во шестиот натпревар во оваа група.
Првиот сет заврши со резултат 25-15, втората „рунда“ беше најдобра за нас и стигнавме до 17 поени, додека Австријките беа фуриозни во третиот во кој славеа со 25-7.
Со ова заврши дебитанскиот настап за нашите одбојкарки во оваа кокуренција и тоа со шест порази во кои не успеавме да освоиме ниту еден сет, но покажаа дека имаат потенцијал за подобри резултати на идните турнири.
Од А-групата, покрај Австријките пласман во плејофот изборија и Естонките. Двете селекции имаат по 15 бода, односно пет победи и еден пораз. Третото место го освои Летонија со шест бода, односно две победи.