Реакција на Општина Аеродром на денешната прес конференција на СДСМ
„СДСМ е единствената политичка партија која реагира секогаш кога се работи и се реализираат проекти. Тоа e само уште една потврда за деструктивноста на политичката партија која функционира по принципот на ширење на лажни вести и дезинформации и политичка партија која на наше жалење подолг временски период цврсто е заглавена во тендерската и бизнис матрица. Раководството на СДСМ реагира секогаш кога се работи, а молчи само кога се склучуваат договори и бизнис зделки од кои личен интерес имаат тие и нивните потесни семејства.
Крајно време е СДСМ да покаже сериозност и одговорност во своето политичко дејствување и наместо опструкции и неиздржани критики, да ги поздрават и поддржат проектите кои се реализираат во Аеродром, но и предложат идеја или сугестија за тоа како заеднички да го подобриме животот на граѓаните.
Аеродром е единствената општина во Скопје и во Македонија, каде паралелно се изведуваа неколку паркови и десетина спортски центри. Нови игралишта се градат речиси во сите населени места, а нови зелени површини добиваат граѓаните кои живеат околу Реонски центар и во Стар Аеродром.
Планираните активности кај паркот „Радост” се одвиваат согласно планираната динамика. Станува збор за голем и сериозен парк, проект со кој ние особено сме горди. Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека граѓаните кои живеат околу Реонски центар ќе добијат современ и модерен парк на површини од околу 6000 квадратни метри. Парк кој ќе биде опремен со најсовремени реквизити и ќе донесе ново зеленило и многу содржини за граѓаните на Аеродром.
На крајот уште апелираме до политичките субјекти да се воздржат од ширење лаги и дезинформации. Ниту една политичка пречка, неиздржана критика, лажна вест или прес конференција нема да успее да ја попречи реализацијата на овој важен и сериозен проект. Тој ќе стане реалност за жителите на Аеродром, а по неговото завршување, токму СДСМ ќе биде политичката партија која ќе добие покана да направи нова прес конференција, на која овоја пат ќе треба да се себе демантираат, но и да се извинат пред граѓаните за деструктивноста и лагите изнесени на денешната прес конференција.